Национален координатор

 

Националниот координатор за МИСП е одговорното лице за сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ) во услови на кризи и вонредни состојби, кое го избира министерот за здравство. Националниот координатор управува со Националниот тим за МИСП, односно соработува со локалните координатори и со релевантните институции при собирањето на основните демографски податоци во зафатеното кризно подрачје, соодвтено ги применува националните закони и регулативи и предложува промени на закони, политики и регулативи кои го попречуваат пристапот до услуги и права за СРЗ во услови на итни и кризни состојби и катастрофи.

Оd јануари 2020, оваа функција ја извршува Сања Саздовска, советничка во Кабинетот на министерот за здравство. Заменик-координаторка за МИСП е Џемиле Аљиљи од Министерството за здравство.

За прв пат се воведува Националниот координатор за сексуално и репродуктивно здравје во криза во 2014 година. Како Национални координатори досега биле избрани Сања Саздовска од Министерство за здравство (јануари-септември 2017), Бисера Рахиќ од Институт за јавно здравје на РМ (септември 2017 – октомври 2018) и Симона Атанасовска (септември 2019 - декември 2019).

 

Сања Саздовска

sanja.sazdovska@zdravstvo.gov.mk

+389 70 233 903

Џемиле Аљиљи

dzemile.aljilji@zdravstvo.gov.mk

+389 76 446 452