Национален тим за МИСП

Националниот тим за МИСП е мултисекторска работна група задолжена да го подготви здравствениот систем за одговор на потребите поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ) во итни и кризни состојби и катастрофи. Работната група е формирана од министерот за здравство и составена од претставници на Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Министерство за внатрешни работи, Министерство за труд и социјална политика, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот Крст на Република Македонија, агенции на Обединетите Нации и граѓански здруженија.

За да го подготви здравствениот систем за соодветен одговор во кризни состојби и катастрофи, Националниот тим за МИСП се грижи услугите за СРЗ да му бидат достапни на засегнатото население, ги координира неопходните активности и дава препораки за унапредување на СРЗ како во подготвителната фаза, така и во текот на кризата.

Националниот тим за МИСП го изготвува и годишниот акциски план за подготовка на здравствениот систем за одговор во кризи и вонредни состојби, водејќи се според Минималниот основен пакет за услуги (МИСП) за СРЗ за време на хуманитарни кризи.

Со Националниот тим раководи Националниот координатор за МИСП.

-
-