Тренери за МИСП


Тренерите за МИСП се сертифицирани обучувачи кои држат обуки за МИСП. Во оваа улога се јавуваат здравствени работници од универзитетските клиники во Република Македонија и искусни професионалци од Министерството за здравство и од граѓанските организации кои работат во областа на сексуалното и репродуктивното здравје во кризни и хуманитарни состојби.

Редовните обуки за МИСП им се наменети на здравствени работници и претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот Крст на Република Македонија и на останати владини институции и невладини организации чие поле на интерес е СРЗ или справувањето со кризни и хуманитарни состојби.

Целта на обуките што Министерството за здравство ги организира еднаш годишно во соработка со УНФПА и ХЕРА, е да се обучат што повеќе професионалци кои ќе можат да одговорат на потребите поврзани со СРЗ во услови на криза.

Сертифицирани обучувачи за МИСП во Македонија се:


Д-р Даниела Иванова Панова

Daniela Ivanova-Panova
Универзитетска клиника за
гинекологија и акушерство Скопје

Сања Саздовска

Министерство за
здравство Скопје

Освен национално искуство, обучувачите за МИСП имаат и меѓународно искуство во фасилитирање обуки за МИСП.