IAWG

Интер-агенциската работна група за репродуктивно здравје во криза (на англиски: (Inter-agency Working Group – IAWG) е коалиција на 20 основачки организации, меѓу кои агенции на ООН, владини институции, невладини организации и организации за истражување и донација. Формирана во 1995 година, денес брои над 2100 индивидуални членови од 450 организации низ светот.

Нејзината мисија е да ги направи услугите за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ) што поквалитетни и што подостапни за луѓето погодени од кризи, конфликти и природни непогоди. Токму затоа, Работната група на терен ги следи и ги анализира состојбите со СРЗ во кризните подрачја, воспоставува технички стандарди за давање на услугите за репродуктивно здравје, подготвува и дистрибуира податоци до донесувачите на одлуки и здравствените работници и се залага за вклучување на лицата погодени од криза во глобалните планови за развој и хуманитарна помош.

Република Македонија, претставувана од проф. д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје, веќе втор мандат претседава со Интер-агенциската работна група.