МИСП


Што е МИСП

МИСП е кратенка за минимален основен пакет на услуги за сексуално и репродуктивно здравје што треба да му се обезбеди на населението во услови на вонредни состојби и хуманитарни кризи.

Сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ) е исклучително важно јавно-здравствено прашање кое иако честопати се занемарува, треба да биде земено предвид секојпат кога се применува Националниот план за подготовка на здравството за одговор при кризни состојби.

Под сексуално и репродуктивно здравје се сфаќа целокупната физичка, ментална и социјална благосостојба поврзана со сите аспекти на репродуктивниот систем на човекот. Оттука, јасно е дека СРЗ ги засега сите луѓе. А за да се обезбеди ваквата благосостојба во целост, неопходна е безбедна, ефективна и достапна здравствена заштита. Услугите за репродуктивното здравје треба да бидат дел од примарната здравствена заштита како во мирнодобни времиња, така и во време на хуманитарни кризи.

Во услови на кризни состојби, најмногу страда репродуктивното здравје на жените, адолесцентите и децата. Многу од штетите, кои се неретко поврзани со сексуално насилство, негрижа за мајките и новороденчињата, недостиг на мерки за безбедност на крвта или отсуство на систем за препраќање и транспорт на пациентки кои имаат потреба од итна медицинска грижа, може да се спречат ако услугите за СРЗ се навреме планирани и достапни во текот на кризата.


Тренери за МИСП

Тренерите за МИСП се сертифицирани обучувачи
кои држат обуки за МИСП.

Материјали за МИСП обука

Материјали и вежби за спроведување
на обуките за МИСП


 

Ресурси

Останати ресурси за спроведување на МИСП
во кризни и хуМанитарни состојби