За Нас

Кои сме ние и како започнавме?

Од 2014 година, а особено со почетокот на мигрантската криза во 2015 година, Министерството за здравство во соработка и партнерство со УНФПА – Фонд за население на Обединетите нации и ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, започна да ги јакне капацитетите на здравствените работници и на клучните институции за да може да се грижи за сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ) и да се справи со родовобазирано насилство во услови на криза.

Од 2015 година до денес, 186 лица се обучија за обезбедување на минималниот пакет на услуги за СРЗ во услови на хуманитарни кризи преку седум обуки организирани според меѓународниот стандард за МИСП. Најголемиот дел од обучените лица беа од државните здравствени институции, граѓанските организации и државните институции кои се најмногу вклучени во справувањето со кризи во земјата.

Министерството за здравство ја препозна значајноста на оваа област, па сакајќи да обезбеди навремен и соодветен одговор во услови на криза и хуманитарни катастрофи, внесе посебно поглавје за СРЗ во Националниот план за подготовка на здравството за одговор при кризни состојби.

ПАРТНЕРИ

17
Министерство за здравство
18-(2)-[Converted]
Фонд за население на Обединетите Нации
19
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
20
Институт за јавно здравје на Република Македонија

Во услови на криза, секоја четврта жена е во репродуктивен период , а дури една петтина од жените засегнати од кризата, имаат комплицирани бремености и абортус.


Национален тим за МИСП

Националниот тим за МИСП е мултисекторска работна група задолжена да го подготви здравствениот систем за одговор на потребите поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ) во итни и кризни состојби и катастрофи.



Координатор на Национална работна група

Националниот координатор за МИСП е одговорното лице за сексуалното и репродуктивното здравје (СРЗ) во услови на кризи и вонредни состојби, кое го избира министерот за здравство.



Основни документи

Основни документи за обврските на

Националниот тим за МИСП

и Координаторот на Националната работна група



За IAWG (Inter-agency Working Group)

Интер-агенциската работна група за репродуктивно здравје во криза (на англиски: (Inter-agency Working Group – IAWG) е коалиција на 20 основачки организации, меѓу кои агенции на ООН, владини институции, невладини организации и организации за истражување и донација. Формирана во 1995 година, денес брои над 2100 индивидуални членови од 450 организации низ светот.